Aко им веруваме на бритнаските медиуми Арсенал е спремен да реализира трансфер од 100 милиони евра што би бил најголем во клупската историја.
„Индепендент“ пишува дека „Топџиите“ имаат намера да платат 100 милиони евра за Кристофер Нкунку кој минатата сезона играше одлично во дресот на Лајпциг. Французинот може да игра на позицијата „лажна деветка“ како и на позицијата зад напаѓачите што би претставувало големо засилување за клубот од северен Лондон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Членот на „триколорите“ по потекло е од Конго и во минатата сезона беше фантастичен со дури 35 гола и 20 асистенции во сите натпреварувања. Во Бундеслигата противничките мрежи ги тресеше 20 пати. Со Лајпциг го освои германскиот куп што е најголем успех во историјата на овој клуб.
Според информациите ако Арсенал не успее да го доведе Нкунку кој е желба уште на ПСЖ и Милан ќе се насочат кон Габриел Жесус кој е „вишок“ во Сити по доаѓањето на Ерлинг Халанд.