Дома Македонски спорт Мак фудбал Мартинага ја напушти Академија Пандев и се врати во родниот град

Мартинага ја напушти Академија Пандев и се врати во родниот град

Хрватот Марко Мартинага ја напушти Академија Пандев и следната сезона ќе игра во својата родна земја за тимот на Славен Белупо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мартинага помина две сезони во македонското првенство во редовите на Вардар и Академија Пандев. Последната сезона беше дел од струмичкиот тим за кој одигра 31 натпревар, постигна еден гол и забележа две асистенции.

„Секаде е убаво, но дома е најубаво. Многу сум мотивиран да се докажам во својот клуб и град. Поголемиот дел од соиграчите ги познавам и така нема да ми треба многу време да се прилагодам. Едвај чекам да истрчам пред семејството и пријателите, сакам да победувам со Славен Белупо. пОлека се екипираме, имаме одличен тим и стручен штаб, верувам во успешна сезона“, изјави Мартинага по потписот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …