Звучи чудно, меѓутоа во македонскиот фудбал има фудбалер кој на 148 натпревари постигна 156 гола.




Во прашање Ерџан Ибраимоски кој настапува за Ново Црнилиште, клуб од третата македонска лига – Југ. Во оваа екипа тој игра од сезоната 2015/2016 и зад себе има бројки на расен голгетер.




Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Првата сезона на 19 натпревари постигна 17 гола, а потоа играл се подобро, најдобра сезона му била 2016/2017 тогаш на 26 натпревари постигна 30 гола во Општинската лига.




Ерџан, нема што друго да кажеме освен – честитки!
Извор: Спортска Мрежа