Голманот Игор Алексовски е ново засилување за Работнички. Членот на „златната генерација“ млади македонски фудбалери до 21 година која учествуваше на Европското првенство во Полска, потпиша едногодишен договор со „романтичарите“ и во претстојната сезона ќе го чува голот на Работнички.




Алексовски доаѓа од редовите на Ренова, а претходно во кариерата настапуваше и за Македонија ЃП, Вардар и за Шкупи.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Работнички е еден од најреномираните клубови во Македонија и ќе ми биде чест да го носам дресот на овој клуб. Се надевам дека ќе имаме успешна сезона“, вели Игор Алексовски.