Од денес Немања Матиќ и официјално е нов фудбалер на Рома. Клубот од Рим го официјализираше трансферот на српскиот фудбалер.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
За Матиќ ова ќе биде трет пат да соработува со Жозе Мурињо откако претходно двајцата соработуваа во Челзи и Манчестер Јунајтед. Србинот ја даде и првата изјава за медиумите по потписот на договорот.




„Чест ми е што доаѓам во овој клуб и со нетрпение ја чекам новата сезона со новите соиграчи. Рома е одличен клуб со неверојатни фанови. Жозе Мурињо е добро познат на сите и се надевам дека со него ќе направиме големи работи“, изјави Матиќ.




Во Рома Матиќ ќе го носи дресот со број 21.