Дома Македонски спорт Шкупи го дозна противникот во првото квалификациско коло во Лигата на шампионите

Шкупи го дозна противникот во првото квалификациско коло во Лигата на шампионите

Со оглед на можните противници македонскиот шампион Шкупи доби посакуван ривал во првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

На ждрепката во Нион за противник Шкупи го доби Линкоолн Ред Импс од Гибралтар. Чаирчани имаа среќа да ги избефнат Шериф Тираспол, Слован Братислава и Карабах, па добија „полесен противник“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, Линколн никако не смее да се потцени тие минатата сезона беа една од поголемите сензации во европскиот фудбал и станаа првиот клуб од Гибралтар кој играл во групна фаза од натпреварување на УЕФА, се пласираа во Конференциската лига.

Првиот натпревар ќе се игра во Скопје на 5. или 6. јули, додека реваншот е на 12 или 13. јули.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Нов потрес во Формула 1: Ред Бул остана без човекот кој го креираше шампионскиот тим!

За многумина најдобриот дизајнер во светот во Формула 1, Адријан Њуи замина од Ред Бул. Ов…