Дома Фудбал Германија Поранешниот фудбалер на Баерн на својот син му даде име Минхен

Поранешниот фудбалер на Баерн на својот син му даде име Минхен

Поранешниот дефанзивец на Баерн, Самуел Куфур не ги заборава деновите во овој клуб и секогаш ќе остане навивач на германскиот гигант.

Навивачите на Баерн многу добро го паметат, дојде од Торино во 1993 година и во следните 11 години само во една беше позајмен во Нирнберг. Во Баерн освои 19 трофеи.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Најголемиот успех на Куфур е освојувањето на Лигата на шампионите во сезоната 2000/2001. Во големото финале, кое тогаш се одржа на Сан Сиро, Баерн по изведувањето на пенали ја совлада Валенсија. Вкупно одигра 275 натпревари за германскиот тим на кои постигна 10 гола и забележа четири асистенции.

Дека и денес е силно поврзан со Баерн покажува и тоа што неговиот син го носи името Минхен.

„Мојот син се вика Минхен, според градот во кој играв. Ули Хенес мора да го запознае!“, изјави Самуел Куфур.

Тој не случајно го спомна почесниот претседател на Баерн…Секогаш истакнуваше дека неговата врска со Хенес е како врска меѓу татко-син.

Токму славниот Германец најмногу му помогна на Куфур кога минуваше низ голема семејна трагедија. Во 2003 година ќерката на фудбалерот се удави во базен. За само два часа, Ули Хенес му договорил приватен авион на Куфур за да го однесе во Гана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Најубавата фудбалерка во светот танцуваше поради титулата во Серија А (Видео)

Швајцарската фудбалерка Алиша Леман со своите соиграчки од Јувентус ја освои титулата шамп…