Дома Фудбал УЕФА го одреди судијата за натпреварот во недела против Гибралтар

УЕФА го одреди судијата за натпреварот во недела против Гибралтар

Македонија в недела го игра четвртиот натпревар од новото издание во Лигата на Нации, а противник ќе ни биде селекцијата на Гибралтар.

Денес УЕФА го одреди главниот судија за овој натпревар, а тоа ќе биде Думитри Мунтеан. 37-годишниот молдавски судија ќе биде главен на центарот во Скопје. Минатата година тој и судеше на младата репрезентација на Македонија која во Охрид одигра 0:0 против Србија.

Натпреварот против Гибралтар се игра во 18:00 часот на Националната Арена, а Македонија во него влегува како второпласирана со четири бода, Грузија е лидер со девет, зад на се Бугарија и Гибралтар. Ќе потсетиме, Гибралтар на гости пред една недела го победивме со 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан ја казни Џенова за шест минути, па трепереше до крајот

Сисе и Пулишиќ донесоа предност од 2-0 уште во 19. минута, но голот на Елертсон во финишот…