Дома Фудбал Останато За Гвардиола Надал е најдобриот шпански спортист на сите времиња

За Гвардиола Надал е најдобриот шпански спортист на сите времиња

Пеп Гвардиола присуствуваше на фудбалски турнир во Мајорка, а оваа прилика новинарите ја искористија да му постават и неколку прашања.

Тема на разговорот беше Рафаел Надал кој вчера во Париз го освои Ролан Гарос со што стигна до 22. гренслем титула во кариерата и 14-та титула на Ролан Гарос. Гвардиола за Надал имаше само пофални зборови.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Тој е неверојатен, зборуваше дека има проблеми со повредите, но и покрај тоа победува. Едноставно не можете да го запрете. ако ги издржи проблемите со стапалата верувам дека и понатаму ќе игра и ќе победува на највисоко ниво“.

Еден од новинарите го праша Гвардиола дали го смета Надал за најдобар шпански спортист на сите времиња.

„Тешко е да се споредуваат индивидуалните и екипните спортови, Шпанија имала и има многу големи спортисти. Но без сомнение никој не е трае толку долго како Рафа“, одговори Гвардиола.

Одговорот можеби е реален, но за многумина е и изненадувачки затоа што е познато дека Надал е голема „мадриста“, а Пеп долго време седеше на клупата на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Претседателот на ПСЖ го предупреди Дембеле за новиот договор

Осман Дембеле сака нов, поволен договор со Пари Сен Жермен, но претседателот на клубот Нас…