Дома Трансфер зона Солер веќе ги известил своите блиски дека може да биде замена за Де Јонг

Солер веќе ги известил своите блиски дека може да биде замена за Де Јонг

Шпанските медиуми пренесуваат дека репрезентативецот на Шпанија и фудбалер на Валенсија, Карлос Солер ќе биде замена за Френки Де Јонг во Барселона ако Холанѓанецот замине.

Познатиот новинар Жерар Ромеро кој важи за еден од најсигурните извори од Каталонија пренесува дека дека Солер веќе ги известил луѓето од неговото блиску опкружување дека ќе се пресели во Барселона ако Де Јонг замине.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Де Јонг е на мета на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг го убедува да му се придружи, меѓутоа наводно Холанѓанецот повеќе би сакал да се пресели во Сити, Баерн или ПСЖ за да биде конкурентен во Лигата на шампионите.

Солер не е скапа опција затоа што влегува во последната година од договорот со Валенсија која се наоѓа во финансиски проблеми и ќе мора да ги продава своите најдобри играчи.

Ќе потсетиме, Барса веќе го договори Кеси кој ќе пристигне како бесплатно засилување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…