Репрезентацијата на Македонија денес ќе игра проитив Гибралтар во рамките од Лигата на Нации.
Македонија е фаворитот во овој натпревар кој ќе се игра на „Викторија Стадион“ во рамките од второто коло. Милевски пред натпреваропт со респект зборуваше за селекцијата од која како селектор на У21 година еднаш загуби.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес нашата репрезентација би можела да излезе во комбиниран состав и некои од стандардните репрезентативци да добијат одмор. Македонија има скромна традиција против Гибралтар.
Првпат гостувавме тука во 2018 година во првото издание од Лигата на Нации и победивме со 0:2, вториот натпревар кој е и последен е од истиот циклус дома каде што ги победивме со 4:0. Ќе потсетиме, токму тоа беше циклусот во кој Македонија се избори за место на Европскот опрвенство.
Ќе споменеме и дека Гибралтар е во серијата од 18 натпревари без победа.