Дома Фудбал Италија Алегри: Дибала почна да лета во облаци поради споредбите со Меси

Алегри: Дибала почна да лета во облаци поради споредбите со Меси

Паоло Дибала после седум години си заминува од Јувентус. Аргентинецот и „старата дама“ не се договорија за продолжување на соработката, а овој потег предизвика лавина реакции во јавноста.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


И мислењата на навивачите беа поделени, дел сметаа дека не смее да се дозволи Дибала да си замине, а други пак дека барањата кои ги има Аргентинецот со оглед на тоа што го покажа во последните години се преголеми.

За ситуацијата на Дибала сега зборуваше и Масимилијано Алегри во разговор за италијански „ДАЗН“.

„Пауоло мора да се врати и да биде оној стариот, еден период почна да лета во облаци поради споредбите со Меси. Еден фудбалер никогаш не треба да мисли дека е ист како друг, секој треба да игра за себе и на свој начин“.

„Дибала сигурно има многу понуди затоа што располага со фантастични технички квалитети, се работи за одличен играч, меѓутоа мора да се фокусира на сопствените недостатоци, како физички така и технички“, изјави Алегри.

Засега не е познато каде Дибала ќе ја продолжи кариерата, а во медиумите досега нејмногу се поврзуваше со Интер и Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ќе има многу промени: Еве како може да изгледа Реал Мадрид со Мурињо – нема место за Винисиус!

Арбелоа нема да го задржи местото тренер на мадридскиот тим. Дојде во многу тежок период, …