По синоќешното реми на Манчестер Сити против Евертон, новинарите од Пеп Гвардиола успеа да добијат и изјава на тема на потенцијалниот трансфер на Лео Меси од Барселона во редовите на неговиот тим, за што во последните денови на големо се шпекулира.
Гвардиола не бегаше од таа тема, но не сакаше да зборува конкретно за интересот на Манчестер Сити, туку го изнесе својот став не предводејќи го името на клубот, што би можело да предизвика нов „земјотрес“ во европскиот фудбал по рекордниот трансфер на Нејмар во ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во секој случај, Гвардиола смета дека навистина би можело да се случи Меси наскоро да ја напушти Барселона.
„Не знам, некој тоа биможел да го направи ако ги има тие пари и сака да ги потроши. Би можело тоа да се случи“, истакна мистериозно Пеп.
Како што е познато во прашање е сума од 300 милиони евра, со што експресно би се соборил рекордот кој го постави Нејмар.