Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг вчера ја одржа својата прва пресконференција откако е на кормилотп на „црвените ѓаволи“.
20-кратниот шампион ја одигра една од најслабите сезони од создавањето на Премиер лигата и Холанѓанецот ќе има многу работа за да ги врати победите на „Олд Трафорд“.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Тен Хаг ги пофали ривалите Манчестер Сити и Ливерпул, велејќи дека играат фантастичен фудбал, но секоја ера има крај и едвај чека да се соочи со нив.
„Во моментов им се восхитувам на двајцата тренери. И Манчестер Сити и Ливерпул играат фантастичен фудбал, но секоја ера си има крај и едвај чекам да се соочам со нив“, изјави поранешниот тренер на Ајакс.