Дома Фудбал Англија Сега може и пура и пиво: Сити парадираше со трофејот низ улиците на Манчестер 📸

Сега може и пура и пиво: Сити парадираше со трофејот низ улиците на Манчестер 📸

Илјадници навивачи на Манчестер Сити ги поздравија фудбалерите на овој клуб и тренерот Пеп Гвардиола за време на шампионската парада низ градските улици.

Фудбалерите на Манчестер Сити за викендот во драматична завршница на сезоната ја освоија четвртата титула во Англија во последните пет години, шеста во ерата на Премиер лигата.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Избраниците на Пеп Гвардиола успеаја да ја совладаат Астон Вила со 3:2 на преполниот Етихад, иако до 76. минута губеа како домаќини со 2:0. На крајот први минаа на целта со бод повеќе од второпласираниот Ливерпул.

По тој повод, фудбалерите на Манчестер Сити и Пеп Гвардиола вчера со отворен автобус се прошетаа низ улиците на градот.

Шпанскиот тренер со пура во устата ги поздрави воодушевените навивачи, а на фудбалерите им беше дозволено и да испијат по некое пиво…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Паника на Емирати – Манчестер Јунајтед и Спортинг се договорија околу трансферот на Ѓокереш!

Од самиот почеток на трансфер периодот, Ѓокереш се поврзува со премин на Емиратите во тимо…