Дома Останати Тенис Скандал: Два натпревари од квалификациите на Ролан Гарос биле наместени!

Скандал: Два натпревари од квалификациите на Ролан Гарос биле наместени!

Ролан Гарос оваа сезона ќе почне на 22 мај, но вториот гренслем-турнир би можел да има негативна увертира поради сомнеж дека два меча од квалификациите биле наместени.

Француски „Л’Екип“ објави дека полицијата го истражува случајот. Тие се сомневаат дека мечот меѓу Дудим Села и Бернабе Запата Миралес (3-6, 0-6) бил наместен, но исто така сомнителен е и дуелот меѓу Тиаго Монтеиро и Тенис Сандграм.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Миралес и Села привлекоа внимание затоа што при вториот сет Израелецот играше многу лошо и правеше некои чудни потези, а притоа беа забележани голем број уплати во живо.

Минатата година имаше сличен скандал, кога беше уапсена руската тенисерка Јана Сизикова, поради загубен меч заедно со Медисон Брагл во двојки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Пред 17 години на денешен ден Федерер и Надал го одиграа најчудниот меч досега

На денешен ден, 2007 година, Рафаел Надал и Роџер Федерер го одиграа веројатно најчудниот …