Дома Фудбал Англија Неверојатно: На Астон Вила повеќе и одговара да загуби од Сити

Неверојатно: На Астон Вила повеќе и одговара да загуби од Сити

Во недела, во последното коло од Премиер лигата ќе се решава титулата. Манчестер Сити ја пречекува Астон Вила, додека Ливерпул ќе му гостува на Вулверхемптон.

Сити има бод повеќе од Ливерпул и со победа на „Етихад“ ќе си ја обезбеди титулата, а токму тој натпревар има интересна предигра.

Имено, „граѓаните“ минатото лето од Астон Вила го купија Џек Грилиш, а во договорот има  клаузулата за бонус од 15 милиони фунти доколку Сити ја освои Премиер лигата.

Тоа значи дека Астон Вила доколку загуби во последното коло ќе добие бонус од 15 милиони фунти.

Иако никој не се сомнева во професионалноста на клубот од Бурмингем, сепак социјалните мрежи се полни со коментари дека Астон Вила ќе има добри причини за пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Oткриено каде Грилиш ќе ја продолжи кариерата

Остануваат само неколку дена до завршувањето на трансфер периодот, а едно од најголемите п…