Дома Фудбал Спектакуларно: Еве како се следеше и славеше финалето од Лига Европа на стадионот на Франкфурт 🎥

Спектакуларно: Еве како се следеше и славеше финалето од Лига Европа на стадионот на Франкфурт 🎥

Ајнтрахт Франкфурт после изведувањето на пенали славеше против Ренџерс и така ја освои Лигата на Европа со што обезбеди и пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.

Германскиот тим го совлада шкотскиот гигант после изведувањето на пенали со резултат 5:4.

Ајнтрахт така ќе биде петтиот германски тим во новата сезона од Лигата на шампионите, а мора да се каже дека и заслужи поради фантастичните навивачи.

Навивачите на Франкфурт се главна тема во Европа сезона, посебно ќе се памети ситуацијата со гостувањето во Барселона. Вчера приредија спектакл, освен што го исполнија стадионот во Севиља, го исполнија и домашниот во Франкфурт каде што на видео бим се следеше натпреварот, присуствуваа повеќе од 50.000 навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од европски трофеј до отказ: Арсенал ја смени Слегерс по историски лошата серија

Рене Слегерс заминува само десет месеци по потпишувањето договор до 2029 година. Арсенал е…