Иднината на Килијан Мбапе една од главните теми во европскиот фудбал во овој момент.
ПСЖ прави се за да го убеди Мбапе да остане во Париз, но како што стојат работите во овој момент најголеми се шансите наредната сезона да го гледаме во друг дрес. Најблиску до неговиот потпис е Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мбапе е играч кој секој би го посакал во својот тим, па така и Лапорта не криеше дека се обиделе да влезат во посериозни преговори, но платата која ја побарал Мбапе била преголема.
„Во првичните разговори Мбапе ни побара плата од 50 милиони евра по сезона. Тој е фантастичен фудбалер, нема сомневање во тоа, но никој не може такво нешто да си дозволи. Посебно што уште нема голема кариера зад себе, се уште не ја освоил ниту Лигата на шампионите. За мене таквите барања се неразумни“, изјави Лапорта.