Дома Македонски спорт Мак фудбал Воска и Тиквеш баражот ќе го играат во Прилеп, ако дозволи МВР

Воска и Тиквеш баражот ќе го играат во Прилеп, ако дозволи МВР

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти дека конечната одлука за местото на одигрување на бараж натпреварот за настап во Првата македонска фудбалска лига ќе зависи од насоките што ќе ги добие од Министерството за внатрешни работи (МВР) во делот на проценката околу безбедноста.

Откако првично беше објавено дека бараж дуелот за Првата лига меѓу Воска и Тиквеш ќе се игра на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, потоа ФФМ објави дека ќе се игра на Националната Арена „Тодор Проески“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


На тоа реагираше Тиквеш, па ФФМ денес со официјално соопштение потврди дека од МВР ќе зависи дали баражот ќе се игра во Прилеп.

„Фудбалската федерација на Македонија ќе постапи соодветно во зависност од одговорот и упатствата на МВР. Уверени сме дека само со строго и доследно применување на прописите и почитувањето на превентивните мерки од надлежните институции и тела може да се гарантира вистински спортски спектакл . Мерките за безбедност на натпреварите постојат со причина и очекуваме од клубовите да бидат сојузници во спроведувањето на истите“, соопштија од ФФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…