Дома Фудбал Англија Абрамович ја кочи продажбата на Челзи

Абрамович ја кочи продажбата на Челзи

Роман Абрамович ја кочи продажбата на Челзи преку фирмата „Кемберли интернешнл инвестментс“, која е дел од сопственичката структура на клубот и има побарување од 1.6 милијарди евра.

Пред неколку денови беше објавено дека Роман Абрамович конечно го продава клубот на сопственичка структура предовдена од Тод Боли кој се согласил да плати близу пет милијарди долари за да го добие лондонскиот клуб.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според новинарот на Скај, Марк Кајман, купопродажбата може да пропадне бидејќи Русинот наводно не го обезбедил потребното осигурување на лиценцата за да може да ги добие бараните 1.6 милијарди евра.

Британската Влада му даде ток на Челзи да изврши трансформација на власта до 31. мај, рок што мора да се запази, за да не дојде до големи проблеми кај клубот од Лондон.

Во случај да не се постигне договор, Челзи би се нашол во големи проблеми бидејќи би му се заканувало исфрлање од Премиер лигата и ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ирска е подобра во меѓусебните дуели, но Македонија двапати ја спречила да игра на големи натпреварувања!

Иако традицијата вели дека Ирците имаат подобар биланс во меѓусебните пресметки, споменот …