Дома Фудбал Понеделничка „шлаканица“: На „Итхад“ бадијала еуфорични, Меси останува!

Понеделничка „шлаканица“: На „Итхад“ бадијала еуфорични, Меси останува!

Манчестер Сити има јасен план, да го донесе Лео Меси и да го покори светот. Планот не е лош, но е пак, тешко остварлив.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Медиумите во Англија вчера ја пласираа информацијата дека Сити ќе ја активира клаузулата од договорот на Меси со Барселона, па за 300 милиони евра во своите редови ќе го донесе најдобриот играч на светот.

Меси навистина вреди стотици милиони евра, особено ако се земе предвид дека Нејмар замина за 222 милиони во ПСЖ, а во Сити веруваат дека аргентинскиот магионичар од Росарио е уморен од постојаните афери во Шпанија околу неплатените даноци, како и тоа дека е незадоволен од работата на управата на клубот во последно време.

Меѓутоа, денес аналитичарот на Скај Спорт, Балагуе кој секојдневно ја следи ситуацијата во шпанскиот фудбал, објави дека Меси не потпишал договор со Барселона, но се е договорено и ќе потпише.

Тоа би значело дека Меси одлучил да остане лојален на Барселона до крај, како што секогаш ветуваше, па е залудна активацијата на клаузулата од страна на Сити. 30-годишниот Меси во Барселона пристигна во 2001. година, а за првиот тим на Каталонците одигра 383 официјални натпревари и постигна неверојатни 349 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aтлетико го објасни сарказмот кон Барселона: Многу сме лути, ситуацијата е сериозна…

По саркастичните објави поврзани со наводната трансакција на Хулијан Алварез во Барселона,…