Дома Фудбал Англија Вернер не жали што го избрал Челзи пред Ливерпул

Вернер не жали што го избрал Челзи пред Ливерпул

Напаѓачот  на Челзи, Тимо Вернер призна дека имал можност да се пресели во Ливерпул, но ја избрал понудата на Челзи

26-годишниот германски напаѓач се пресели на „Стенфорд Бриџ“ од Лајпциг во 2020 година, но имаше проблеми со адаптацијата и не ги оправда во целост очекувањата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во моментов не е прв избор кај Тухел, но Германецот тврди дека не жали што потпишал за Челзи бидејќи ја освоил Лигата на шампиони.

„Кога бев во Лајпциг имав можност да дојдам во Премиер лигата. Ливерпул испрати понуда за мене, но на крајот решив да потпишам за Челзи. Минатата година ја освоивме Лигата на шампиони, значи дека сум го направил вистинскиот избор“, изјави Вернер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чаби Алонсо: Ова со Винисиус не треба да се повтори

Чаби Алонсо се враќа емотивно на “Енфилд”, каде што изгради кариера како фудбалер на Ливер…