Дома Фудбал Англија Њукасл не може да троши многу ова лето

Њукасл не може да троши многу ова лето

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, ги потсети навивачите дека е невозможно клубот да троши многу пари на трансфер пазарот ова лето.

Проблемот е во правилата на Финансискиот фер-плеј, кои не дозволуваат трошење многу пари за краток временски период.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во јануари клубот доби нови богати сопственици од Саудиска Арабија, донесе неколку засилувања па успеа да избори опстанок во Премиер лигата.

„Не можеме целосно да го промениме составот. Финансискиот фер-плеј не ограничува. Амбициозни сме да го засилиме тимот, но генерално ќе биде тешко бидејќи не смееме многу да трошиме“, изјави Еди Хау.

Во јануари Њукасл потроши 90 милиони евра на нови играчи, меѓу кои Крис Вуд, Мет Таргет, Ден Бирн, Бруно Гимараеш и Киран Трипие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Иновација на Луис Енрике: Натпреварот на ПСЖ го гледаше од новинарската ложга – еве и зошто!

Тренерот на Париз Сен Жермен, Луис Енрике, уште еднаш покажа зошто важи за еден од најкреа…