Дома Фудбал Лампард: Опстанокот со Евертон ми е поважен од освојување титула

Лампард: Опстанокот со Евертон ми е поважен од освојување титула

Менаџерот на Евертон, Френк Лампард, призна дека доколку успее да го спаси местото на тимот во Премиер лигата, тоа ќе биде негов најголем успех во досегашната тренерска кариера.

„Кога ја доживуваш битката за опстанок, тоа целосно те исцрпува, но сакаш да ја направиш вистинската работа бидејќи гледаш колку е тоа важно за клубот“, изјави Лампард.

„Предизвикот да се спаси Евертон е поголем отколку кога станав шампион во Премиер лигата бидејќи сфаќам колку е важно за клубот. Освен тоа, финансискиот аспект е многу поважен отколку што можете да замислите“, искрен е Лампард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…