Дома Фудбал Лукаку ќе има разговор со Тухел, ќе се одлучува неговата иднина

Лукаку ќе има разговор со Тухел, ќе се одлучува неговата иднина

Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку, има намера да одржи судбоносен разговор со менаџерот Томас Тухел на крајот од сезоната, пренесуваат медиумите на Островот.

28-годишниот Белгиец се уште не сака да преговара со други клубови, бидејќи неговата цел е да се наметне како главен играч на „сините“.

Лукаку минатото лето пристигна во Челзи за 115 милиони евра, но не ги оправда очекувањата, па дури и јавно ја критикуваше работата на Тухел, за што беше казнет.

Лукаку ќе разговара за ситуацијата со Тухел за да дознае какви се изгледите за неговата иднина во Челзи.

Ромелу оваа сезона за „сините“ на 41 натпревар постигна 14 гола и даде 2 асистенции, а има договор до јуни 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…