Дома Фудбал Англија Кој е Тод Боли, новиот газда на Челзи?

Кој е Тод Боли, новиот газда на Челзи?

Ерата на Роман Абрамович во Челзи заврши по 19 години и 20 освоени трофеи, а Тод Боли ќе биде нов газда на клубот од Лондон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Она што по овие вести особено ги интересира навивачите на Челзи е тоа кој е Тод Боли, човекот кој доаѓа на местото на Роман Абрамович.

Новиот сопственик е американски милијардер и освен што е еден од сопствениците на ЛА Доџерс и има сопственички удел во ЛА Лејкерс и ЛА Спаркс, управува и со холдингот Елдриџ Индустрис.

Тој во 2015 година учестувал во создавање на компанијата „Елдриџ“, а има акции во голем број медиумски компании. Исто така е сопственик на осигурителна компанија и ко-сопственик на многу други компании од спортот, технологијата, индустријата…

Што се однесува до спортот, има 20 отсто од акции во Лос Анџелес доџерс, а исто така е газда на Лос Анџелес спаркс, женскиот кошаркаски тим кој се натпреварува во ВНБА.

Со Марк Волтер во 2021 година презема 27 отсто од акциите во Лос Анџелес Лејкерс, а од февруари минатата година Лејкерс е проценет како трет највреден состав во НБА.

Од 2017 до 2021 година беше на листата на Tоп-500 највлијателни луѓе во светот по изборот на „Лос Анџелес Бизнис журнал“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Maрсело Брозовиќ може да направи трансфер каков што никој не очекува

Некогашниот хрватски репрезентативец би можел да се врати на големата сцена во европскиот …