Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп истакна дека било судбина да се сретне со Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампиони.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ливерпул во 2018 година загуби од Реал Мадрид во финалето од ЛШ, а сега ќе има шанса за одмазда на 28-ми мај во Париз.
„Кога го изгубивме тоа финале, идеална ситуација беше да играме повторно против Реал Мадрид. Изгледа тоа е наша судбина“, изјави Клоп.
„Сити навистина немаше среќа, но тоа што го направи Реал беше неверојатно. Тие ги елиминираа ПСЖ, Челзи и Сити. Ако ги победиш овие три тима тогаш сигурно заслужуваш да играш финале“, додаде Клоп.