Дома Фудбал Лига на шампиони Алегри за стиловите на игра на Анчелоти и Гвардиола: Модата поминува, класата останува!

Алегри за стиловите на игра на Анчелоти и Гвардиола: Модата поминува, класата останува!

Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри денес одржа прес-конференција пред натпреварот помеѓу Џенова и Јувентус, на оваа прес-конференција тема бил и вчерашниот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Алегри не штедеше комплименти за својот колега Карло Анчелоти, а победата ја искоментира во свој стил.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Среќен сум за Анчелоти затоа што досега добиваше многу критики, направи нешто фантастично. Луѓето зборуваат дека не играл модерен фудбал, но модата поминува, а класата е она што останува“, изјави Алегри споредувајќи ги стиловите на игра на двајцата стратези.

„Карло освои титули во пет земји, сега може да ја освои четвртата титула во Лигата на шампионите. Заслужува огромна почит и треба да му се честита“, додае тренерот на „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шампионската лига се врати со многу голови и интересни резултати

Шампионската лига се врати спектакуларно, бидејќи првите шест натпревари од главната фаза …