Манчестер Јунајтед вчера славеше победа против Брентфорд со 3:0, еден од погодоците на натпреварот беше дело и на Португалецот Кристијано Роналдо.
Роналдо голот го постигна од пенал во второто полувреме. При овој гол на Португалецот беше забележана една интересна ситуација во која се најде младиот фудбалер на „црвените ѓаволи“ Еланга.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Еланга тргна да го слави голот на Роналдо уште пред тој да ја шутне топката од белата точка. Тој предвреме се упати кон корнер знаменцето каде што потоа пристигнаа и останатите фудбалери.
Elanga started running to the corner to celebrate before Ronaldo even struck his penalty…
— ESPN FC (@ESPNFC) May 2, 2022
It was only right that he hit the SIU 😂 pic.twitter.com/VkhloQlq1D