Дома Трансфер зона Потврдено: Милан добива ново засилување!

Потврдено: Милан добива ново засилување!

Екипата на Милан не застана, продолжи да се засилува, реномираниот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио, пренесува дека „росонерите“ успеале да договорат нов одличен фудбалер.

Станува збор за напаѓачот на Фиорентина, Никола Калиниќ. Хрватот пристигнува како позајмен фудбалер, но италијанскиот гигант ќе биде приморан да го откупи неговиот договор идното лето.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Според, тоа „виолетовите“ ова лето ќе добијат пет милиони, а наредното нови 20. Калиниќ во изминатиот период не тренираше со клубот од Фиренца, а дека разделбата е на повидок потврдува и тоа што Џовани Симеоне го доби дресот со број девет кој беше во сопственост на Калиниќ.

Медиумите пренесуваат дека се воделе долги преговори и дека во текот на изминатата вечер договорот бил постигнат, а преку социјалната мрежа тоа го потврди и Џанлука Ди Марцио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тотенхем пронајде решение за нападот, но ќе треба да плати 100 милиони евра?

По суспензијата на ФА поради обложување на Aјван Тони не му беше лесно да се врати во натп…