Уште пред еден месец стана познато дека Паоло Дибала ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната. Дибала во јуни станува слободен играч бидејќи му истекува договорот и истиот нема да биде продолжен.
Со заминувањето на Дибала ќе се ослободи и дресот со број 10, а тој според „Газета дело Спорт“ ќе му припадне на Федерико Киеза. Во Јувентус сметаат дека „10-ката“ на некој кој се очекува да има голема улога и во иднина. Душан Влаховиќ го гради имиџот со бројот „седум“ па така за Киеза ќе биде „10-ката“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Го нема талентот на Аргентинецот, но во себе ја носи вредноста на клубот и може да стане симбол на Италија, млад, страшен играч и има ДНК на Јувентус“, пишува Газета.
Киеза во Јувентус дојде од Фиорентина пред две години. Прво беше испратен на позајмица, а „старата дама“ го откупи неговиот договор за околу 50 милиони евра.