Дома Фудбал Англија „Ако Халанд дојде во Англија, тогаш мора да го избере Арсенал“

„Ако Халанд дојде во Англија, тогаш мора да го избере Арсенал“

Eрлинг Халанд на лето ќе ја напушти Борусија Дортмунд и кариерата ќе ја продолжи веројатно во Англија или Шпанија.

Во претходниот период со Халанд најмногу се поврзуваа Манчестер Сити и Реал Мадрид, а според информациите поблиску до потписот на Норвежанецот е англискиот гигант.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сите би посакале во тимот да имаат играч како Халанд, па така и навивачите на Арсенал. Соиграчот и пријател на Халанд од репрезентацијата на Норвешка, Мартин Одегард даде интересна изјава во која порача дека ако Халанд дојде во Англија тоа ќе биде во Арсенал.

„Тој духовит тип, добро момче и мој добар пријател, ќе видиме што ќе одлучи. Ако дојде во Англија тогаш мора да дојде кај нас“, прокоментира Одегард, па беше посериозен.

„Искрено не знам, не сме зборувале многу околу тоа, знам дека многу луѓе сакаат да знаат каде ќе продолжи. Ерлинг е вистински ѕвер, силен и брз, верувам дека може да игра било каде“, изјави фудбалерот на Арсенал.

Трансфер во Арсенал во овој момент не изгледа како нешто реално затоа што Арсенал, не е моќен, ниту економски, ниту натпреварувачки споредбено со желбите на напаѓачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…