Дома Фудбал Англија Клоп пред градското дерби: Ќе ми недостасува Евертон ако испадне

Клоп пред градското дерби: Ќе ми недостасува Евертон ако испадне

Уште еден во низата тешки натпревари е пред Ливерпул, а Клоп одржа прес-конференција пред неделниот дуел со Евертон.

„Мерсисајд дербито“ е секогаш „Мерсисајд дерби“ без оглед на позицијата на табелата. Првото прашање на прес-конференција од новинарите за Клоп беше за потврдата од Манчестер Јунајтед дека Ерик Тен Хаг ќе биде нивни тренер од наредната сезона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Тие веројатно знаат што сакаат“, кратко одговори Клоп.

Пред градското дерби Евертон е во навистина тешка ситуација и секој бод за „карамелите“ е од голема важност во борбата за опстанок.

„Од кога сум тука ги имаме двата клуба од овој град во лигата, обично цела недела пред овие натпревари се зборува само за тоа. Навистина ќе ми недостасува Евертон ако испадне. Тоа е едно одлично дерби и убаво е кога се игра“, изјави Клоп.

Натпреварот во кој Ливерпул ќе биде домаќин на Евертон се игра во недела во терминот од 17:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Црвениот дел од Ливерпул на нозе: Фановите со спектакл го испратија Клоп

Ливерпул во последното коло го пречекува Вулверхемптон, натпревар кој нема резултатско зна…