Изгледа дека се повеќе англиски клубови ќе добиваат богати сопственици.
Откако Арапи го купија Њукасл уште еден клуб би можел да добие богати инвеститори. Американскиот милијардер Хенри Маурис е спремен да го купи Шефилд Јунајтед. За него ова не би било прв обид да купи англиски клуб затоа што пред Арапите токму тој беше еден од кандидатите да стане нов газда на Њукасл.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шефилд оваа сезона го очекува борба за плеј-офот во Чемпионшип, а Маурис сака во наредниот период Шефилд да израсне во сериозен премиерлигаш и клуб кој ќе се бори и за излезе во Европа.
Патот до овие цели сигурно дека е долг. Веќе во англиските медиуми се најавува дека американскиот милијардер за почеток веднаш ќе вложи 115 милиони фунти, меѓутоа прво треба да се завршат сите административни работи.
Exclusive @TheAthleticUK : American Henry Mauriss agrees £115m valuation to purchase Sheffield United. Deal would be subject to EFL scrutiny and he will need to prove sufficiency and source of funding after previously linked to buying Newcastle. https://t.co/JT532gYDZL
— Adam Crafton (@AdamCrafton_) April 21, 2022