Кристијано Роналдо не играше во дербито во кое Ливерпул го победи Манчестер Јунајтед со 0:4, клубот го ослободи поради смртта на неговиот тукушто роден син.




Навивачите на Ливерпул во седмата минута од натпреварот испратија аплауз во знак на почит кон Португалецот.




Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Роналдо сега испрати порака на благадарност и порача дека никогаш нема да го заборави овој момент на „Енфилд“.




„Еден збор…Еден спорт…Глобално семејство. Благодарам „Енфилд“ јас и моето семејство никогаш нема да го заборавиме овој момент на почит“, порача Роналдо.