Дома Тенис Официјално: Забрана за руски и белориски тенисери на Вимблдон

Официјално: Забрана за руски и белориски тенисери на Вимблдон

Тенискиот турнир Вимблдон донесе и официјална одлука дека руските и белоруските тенисери и тенисерки нема да можат да учествуват на годишното издание поради инвазијата над Украина.

Ова значи дека машкиот дел од турнирот ќе биде без вториот светски тенисер Данил Медведев, а кај тенисерките ќе ја нема четврторангираната Аријана Сабаленка.

Вимблдон последен пат суспендираше тенисери и тенисерки по Втората светска војна, кога им беше забранет настап на спортисти од Германија и Јапонија. 

„Во околностите на таква невидена неоправдана воена агресија, би било неприфатливо рускиот режим да извлече каква било корист од вмешаноста на руски или белоруски играчи на Вимблдон“, стои во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Евлоев запрен во втората рунда, Пеце со македонско знаме го прегрна успехот на синот

Александар Волкановски го задржа шампионскиот појас со технички нокаут во Абу Даби. Во сла…