Српскиот играч за врска и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ потврди дека на крајот на сезоната ќе го напушти „Олд Трафорд“.
„По сериозно размислување одлучив оваа сезона да биде моја последна во Манчестер Јунајтед. За одлуката ги известив сите. Беше голема чест и привилегија да се игра за овој клуб. Голема благодарност за навивачите. Ќе дадам се од себе до крајот на сезоната да помогнам за подобри резултати“, изјави Матиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После пет години поминати „Олд Трафорд“, Матиќ го напушта клубот иако има договор до 2023 година. За „црвените ѓаволи“ има одиграно вкупно 183 настапи во сите конкуренции.