Голема тензија имаше во финишот од натпреварот помеѓу Атлетико Манчестер Сити, а на крајот фудбалерите на англискиот клуб успеаа да ја сочуваат предноста од првиот натпревар и да се пласираат во Лигата на шампионите.
Дефанзивецот на Манчестер Сити Џон Стоунс порача дека тој и соиграчите биле спремни за вакви сцени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Очекувавме да прават такви работи, навистина добро се носевме со целата ситуација, Не е убаво да се зборува за тоа и не сакам да се задржувам на таа тема. Одигравме два натпревари против неверојатно искусна екипа. Знаевме дека нема да биде лесно да играме против Атлетико“, изјави Стоунс.
Во полуфиналето Манчестер Сити ќе се соочи со Реал Мадрид , додека другото полуфинале го формираат Виљареал и Ливерпул.