Дома Трансфер зона Шок во Баерн: Еден од Ноер, Милер и Левандовски мора да замине!

Шок во Баерн: Еден од Ноер, Милер и Левандовски мора да замине!

Баерн Минхен нема да има можност да ги продолжи договорите со некои од тројцата клупски капитени. Ова го соопшти Томас Хелмер, поранешен фудбалер на овој клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во својот состав Баерн ги има убедливо најплатените фудбалери во Бундеслигата, меѓутоа финансиската криза со пандемијата ги погоди и Баварците, па тие не се во можност да ги продолжат договорите со Ноер, Милер и Левандовски.

Оваа информација ја откри поранешниот фудбалер на Баерн, Томас Хелмер.

„Слушнав некои информации. Баерн нема да може да ги продолжи договорите со некој од тројцата фудбалери (Ноер, Милер, Левандовски) Едноставно, не можат финансиски да ги одговорат сите три договори“, соопшти Хелмер.

Според она што се пишува во претходниот период Левандовски би можел да биде тој кој ќе замине. Сериозен интерес за Левандовски во претходниот период покажа Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…