Дома Фудбал Состанок од три часа: Можен ли е пресврт во ситуацијата со Дембеле?

Состанок од три часа: Можен ли е пресврт во ситуацијата со Дембеле?

Осман Дембеле се уште не донел одлука каде ќе игра наредната сезона.

Дембеле во јануари одби да го продолжи договорот со Барселона и поради тоа каталонскиот клуб сакаше да го продаде., но францускиот напаѓач ги одби сите понуди кои ги доби во зимскиот преоден рок.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дури и неколку натпревари беше на трибините поради таквата ситуација, но Чави го врати во составот. Тоа можеби беше изненадување, но се покажа како полн погодок затоа што Дембеле игра во одлична форма.

Познато е дека Дембеле ја одби понудата од Барселона за нов договор затоа што бараше поголема плата, а од клубот му соопштија дека не се во можност да му ги исполнат финансиските барања поради кризата. Во тие моменти изгледаше Дембеле останува во јануари, но на лето сигурно заминува, но ситуацијата сега се менува.

Дембеле игра одлично под водство на Чави, а наводно им порачал на челниците дека е спремен да го продолжи договорот. Матео Алемани веднаш отпатувал на состанок со агентот на фудбалерот каде што разговарале за новиот договор.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона ги понудила истите услови како и претходно, но со ветување дека платата ќе расте како што финансиската ситуација ќе се подобрува. Состанокот траел дури три часа, но се уште не е познато дали е постигнат напредок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…