Милан е силно заинтересиран за играчот за врска на Ливерпул, Наби Кеита, пренесува „Газета дело Спорт“.
Кеита на крајот на сезоната влегува во последната година од договорот, но нема намера да преговара со Ливерпул за продолжување на неговиот престој на „Енфилд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кеита не е задоволен од својот статус во тимот и минутажата која ја добива, па е спремен да ја промени средината на крајот на сезоната.
Таквата ситуација сака да ја искористи Милан, кој во Кеита гледа идеална замена за Франк Кеси, кој заминува на крајот на сезоната.
Многу европски клубови се заинтересирани за неговиот потпис, па Милан ќе има сериозна конкуренција, меѓутоа „росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент.