Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта во вчерашното интервју изјави дека воопшто не ја разгледува опцијата да го врати Меси на „Камп Ноу“.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Меси се навредил поради тоа, па дури и да постои опција, сега не сака да се врати во клубот, пренесуваат аргентинските медиуми.




Аргентинецот минатото лето си замина од Барселона по 21 година помината во тимот, но по преселбата во ПСЖ воопшто не се прилагоди и поради тоа често е критикуван од навивачите.




Медиумите шпекулираа за враќање во Барселона, но таквата опција категорично ја отфрли Лапорта.
„Ние градиме нов тим, со млади фудбалери. Меси сигурно нема да се врати како фудбалер. Дури не ја разгледуваме таа опција“, изјави Лапорта.
Меси го поддржа Лапорта во претседателската кампања, но овие зборови го налутиле Аргентинецот.