Дома Трансфер зона Европските гиганти го сакаат „новиот Де Брујн“

Европските гиганти го сакаат „новиот Де Брујн“

Неколку европски гиганти веќе ја започнаа битката за ѕвездата на Клуб Бриж и белгиски репрезентативец, Чарлс Де Кетелар.

Новопечениот репрезентативец на Белгија блеска во дресот на Бриж и сигурно ќе ја промени средината за време на летниот преоден рок бидејќи е мета на голем број европски гиганти.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


21-годишниот Де Кетелар важи за еден од најголемите европски таленти, а најсилен интерес за него покажуваат Борусија Дортмунд, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул и Арсенал.

Белгиецот е офанзивен играч за врска, кој може да игра и како крило, а оваа сезона на 40 меча постигна 17 гола и запиша 9 асистенции и веќе го доби епитетот „новиот Де Брујн“.

Бриж за неговата слобода бара 30 милиони евра, а неколку клуба се спремни да ја платат таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Артета носи големо засилување во борбата за титулата

Арсенал е силно заинтересиран за играчот на Реал и турскиот талент, Арда Гулер, прене…