Напаѓачот Милан Ристовски беше во првиот состав на Maкедонија во вчерашната победа против Италија до која стигнавме со голот на Александар Трајковски во 92. минута.
Милан Ристовски една ноќ по големиот триумф порача дека се уште се во шок и дека не се свесни што всушност направиле.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во шок сме се уште. Не сме свесни што направивме вчера остваривме еден неверојатен резултат, среќни сме што победивме репрезентација како Италија и сега мораме да продолжиме по овој пат. Знаевме дека Италија поседува квалитет, но верувавме од првата до последната минута, дадовме се од себе и Господ не награди. Сега не делат само 90 минути од најголемото натпреварување во светот“.
„Португалија исто така има ѕвезди како Италија, а ние повторно ќе дадеме се од себе и веруваме како што верувавме и досега. Се надевам на добар резултат во Порто“, изјави Ристовски.
Македонската репрезентација против Португалија ќе игра во вторник од 20:45 часот.