Дома Ракомет Хансен поради сериозни здравствени проблеми предвреме ја заврши авантурата во ПСЖ

Хансен поради сериозни здравствени проблеми предвреме ја заврши авантурата во ПСЖ

Вчера вечер пристигнаа шокантни информации од Франција, еден од најдобрите ракометари на денешницата, но и во историјата ќе мора да паузира шест месеци поради сериозни здравствени проблеми.

Сезоната Хансен ја завршува порано поради емболија на белите дробови и проблем со долните екстремитети. Позитивно во целата е ситуација е што клубот потврди дека Данецот е надвор од животна опасност.

Ќе потсетиме од наредната сезона Хансен треба да продолжи во редовите на Алборг, ова значи дека заврши со настапите во француските тим. Дел од данските и француските медиуми наведуваат дека се доведува во прашање и целата кариера на Хансен, но такви информации засега се уште не се потврдени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Три проверки за 19 ракометарки: во Анкара ќе се крои тимот за ЕП

Игор Марковиќ повика 19 ракометарки за завршните подготовки, а конечниот состав за ЕП ќе г…