Дома Фудбал Репрезентации Конте: Обврска е на Италија да се пласира на Светското првенство

Конте: Обврска е на Италија да се пласира на Светското првенство

Баражот помеѓу Италија и Македонија е главна тема и на „Чизмата“ па така овие денови бројни големи имиња од фудбалот даваат свое мислење.

Помеѓу оние кои го кажаа своето мислење за баражот е и поранешниот селектор на „Аѕурите“ и сегашен тренер на Тотенхем. Антонио Конте. Италија го пропушти последниот Мундијал во Русија и поради тоа се создава и дополнителен притисок, а Конте посочи дека обврска на Италија е пласманот на Светското првенство.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„После освоената европска титула обврска е на Италија да се пласира на Светското првенство. Немавме среќа во ждрепката и воопшто нема да биде лесно, но ние сме Италија и сме европски шампиони. Верувам дека сите кои се во репрезентацијата знаат што треба да направат. Најсилни селекции во баражот се Италија и Португалија, ние ќе направиме се за да се пласираме. Италија има обврска да оди на СП“, изјави Конте.

Баражот помеѓу Италија и Македонија се игра во четврток од 20:45 часот, додека победникот ќе оди  на подобриот од дуелот Португалија – Турција, финалниот бараж натпревар ќе се игра на 29. април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…