Дома Фудбал Репрезентации Верати: Не смееме да дозволиме Италија повторно да не игра на Светско првенство

Верати: Не смееме да дозволиме Италија повторно да не игра на Светско првенство

Репрезентативецот на Италија и фудбалер на ПСЖ Марко Верати ги предупреди своите соиграчи и порача дека против Македонија очекува тежок натпревар.

Македонија во четвртокот ќе и гостува на Италија во Палермо во плеј-офот, а победникот ќе оди на финален бараж помеѓу Португалија и Турција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мораме да имаме самодоверба и да размислуваме само на теренот. Против Македонија не чека тежок и важен натпревар, во него влегуваме со иста желба и ентузијазам како и на Европското првенство. Сите сакаме да играме на Светското првенство и ќе направиме се за тоа да го постигнеме“, изјави Верати.

Италија го пропушти претходното Светското првенство, па можноста за нов неуспех сигурно создава притисок кај една од најуспешните светски репрезентации.

„Професионалци и сме и навикнати сме да играме под притисок. За нас ова е еден важен натпревар во кој не смее ме да дозволиме Италија повторно да не игра Светско првенство. Јас знам дека ако дадеме се од себе ќе успееме“, изјави италијанскиот репрезентативец.

Натпреварот помеѓу Италија и Македонија се игра во четврток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ѕвездата од 45 милиони евра го пропушта Европското првенство?

Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:…