Дома Фудбал Италија Тензии на тренингот на Јувентус – на Дибала не му одговарал терминот за тренинг?

Тензии на тренингот на Јувентус – на Дибала не му одговарал терминот за тренинг?

Веќе подолго медиумите во Италија пишуваат дека ситуацијата помеѓу Паоло Дибала и Јувентус не е најдобра, Аргентинецот се уште не го продолжил договорот и не сигурно дека тоа ќе го направи.

Последната информација од „Газета дело Спорт“ е дека дошло до тензии помеѓу Дибала и Алегри на еден од последните тренинзи пред утрешниот натпревар на Јувентус против Салернитана.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Наводно, Дибала имал забелешки на терминот околу тренинзите пред дуелот со Салернитана и му се спротиставил на Алегри на што италијанскиот стратег му одговори – Пауло од сите фудбалери баш ти излезе со такво барање?

Пред неколку дена и извршниот директор на Јувентус Аривабене потврди дека се уште нема договор со Дибала за продолжување на соработката.

„Сè уште ништо не е решено за продолжување на договорот на Дибала не е загарантирано уште ништо. Све зависи од финансиските параметри и како ќе постапи во преговорите“, гласеше изјавата на Аривабене.

Останува да го почекаме крајот на сезоната кога ќе биде и позната иднината на Аргентинецот, еден од клубовите со кои се поврзуваше Дибала е Интер, а тоа сигурно би било трансфер кој може да донесе бурни реакции на „Чизмата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…