Дома Фудбал Репрезентации Уште еден дефанзивец на Италија се повреди пред мечот со Македонија

Уште еден дефанзивец на Италија се повреди пред мечот со Македонија

Италијанскиот селектор Роберто Манчини не може да крене глава од проблеми пред баражот против Македонија, откако позитивен излезе Мануел Локатели после мечот со Виљареал сега се повреди дефанзивецот на Аталанта Рафаел Толои.

Толои беше заменет после само девет минути игра во натпреварот против Леверкузен, тренот го напушти на носилки, а допрва ќе биде познато за каква повреда станува збор. Засега дефанзивецот кој беше дел од составот на Италија во освојувањето на европската круна е под голем знак прашалник.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Проблем за Италија е што и Леонардо Бонучи е неизвесен, а штотуку вратен од повреда од Киелини. Од поодамна е познато дека Спинацола е надвор од конкуренција па така Италија ќе има големи проблеми во дефанзивата.

Ситуацијата со Толои дефинитивно би требало да биде позната во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…